«

»

Oct 02

Тековно асфалтирање согласно програмата во општина Новаци

7

Општината Новаци веќе ги реализира градежните активности и асфалтирањето на улици и патишта согласно Програмата за асфалтирање на улици и патишта на територијата на општина Новаци за 2013 година. „Веќе е започнато асфалтирањето на локалните улици на територијата на општина Новаци во должина од 2,5 км. Работата е во тек. Досега е веќе асфалтирано 1 км опфатени се повеќе села најпрво во погусто населените села но не ги оставаме и другите села во зависност од можностите и финансиските средства ќе бидат асфалтирани во следниот период”, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Општина Новаци врши асфалтирање и на локални патишта со средства обезбедени со кредит од Светска банка преку Влада на РМ.

„Започнато е асфалтирањето на неколку патни правци од кои некои се асфалтирани а некои допрва треба да бидат завршени. Ќе ги набројам следните: патниот правец Брод Р 120 регионален пат во должина од 1800 метра, потоа патниот рпавец Рибарци-Гнеотино во должина од 5 км кој е завршен, патниот правец Р 509 Битола Рапеш, Р 509 Мегленци во должина од 2,5 км и Мегленци Арматуш 3 км. Во почеток сме на изведба и на патот Старавина-Зовиќ во должина од 4,5 км.

Градоначалникот Котевски ги информираше новинарите и за останатите градежни активности кои ги спроведува општина Новаци.

„При крај сме и со изведбите на партерното уредување во дворот на општината,споменикот на Дедо Кољо војводата мариовско-лерински војвода, со модерното тениско игралиште во село Добромири. Исто така ја градиме и спортската сала во Новаци која е започната и се гради а повеќенаменското игралиште ќе започнеме да го градиме во март следната година со средства од Агенција за млади и спорт“, рече Котевски.

Градоначалникот Котевски на почетокот на месец октомври ќе биде на возвратна посета на општина Хрпеље-Козина, Р.Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php