Monthly Archive: October 2013

Oct 31

Поставена е сообраќајна сигнализација на територијата на Општина Новаци

Општина Новаци започна со обновување на вертикалната сообраќајна сигнализација на целата нејзина територија. Вкупниот број знаци кои ќе бидат поставени изнесува околу 60 а ќе бидат поставени на неколку делници, регионални патни правци и локални патишта и улици.

Oct 31

Се одржа 9-тата седница на Советот на општина Новаци

Советот на општина Новаци ја одржа 9-тата седница на која расправаше и разгледуваше 17 точки кои се најдоа пред советниците на дневен ред. Советниците го усвоија тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за период 01.01.2013 до 30.09.2013 година.

Oct 29

Културно иновативниот клуб Новаци прослави една година постоење

Со пригодна свеченост ,коктел и мала приредба на која беа изведени песни, поезија и проза а беше поставена и изложба на ликовни и поетски творби Културно иновативниот клуб Новаци од Новаци го одбележа едногодишното постоење.

Oct 29

Оглас за ангажман на надворешни експерти

Oct 28

Ќе се гради погон за рециклирање во општина Новаци

Општина Новаци организираше Јавен увид и Јавна расправа по Нацрт Извештај за стратегиска оценка за влијанието врз животната средина на КП бр.2215/2 КО Брод, општина Новаци за ЛУПД за изградба на стопански комплекс – погон за рециклирање, третман и преработка на комунален отпад.

Oct 28

Прв официјален состанок за почеток на проектот “Жива историја, Жива природа”

Се одржа првиот официјален состанок со кој се означи почетокот на проектот „Жива Историја -Жива Природа“, кој општина Новаци го реализира во соработка со партнер општината Алмопиа, Грција од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Oct 22

Општина Новаци преку проект на УНДП ќе ги описменува жените Албанки

Околу 40 тина жени албанки кои заради брачен статус живеат во општина Новаци ќе се едуцираат да читаат и пишуваат на македонски јазик преку програмата на УНДП за општинско корисна работа,проект „Неформално образование на жените албанки“. Општина Новаци е една од 14 те општини во државата кои аплицирале и го добиле овој проект.

Oct 22

Јавен оглас до евидентирани невработени лица

    Почитувани жители на општина Новаци, врз основа на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2013 година, предвидени во програмата за работа на Владата на Р.Македонија 2011 – 2015 година, за активната програма Општинско – корисна работа во рамките на проектот Промовирањена одржливи вработувања II и Одлуката за распишување на Јавен …

Continue reading »

Oct 19

Пуштен во употреба патот Рибарци-Гнеотино

Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупќо Георгиевски и градоначалникот на Општина Новаци, Лазе Котевски денес свечено го пуштија во употреба на локалниот пат село Рибарци ¨ село Гнеотино.

Oct 15

Известување за јавна расправа

Older posts «

css.php