«

»

Sep 27

Започнува есенската сеидба во Пелагонија

IMG_4331

Од Крстовден до Петковден земјоделците во Пелагонија треба да ги завршат земјоделските работи околу есенската сеидба на културите. Тоа денеска на прес конференција го најавија градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров.

„Најпрво сакам на сите верници да им го честитам денешниот верски празник Крстовден кој на територијата на општина Новаци се славо во Паралово.На земјоделците сакам да им посакам лесна есенска сеидба на земјоделските култури“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

„Според календарот за работа во полето од  утре треба да започне есенската сеидба на земјоделските култури и треба да заврши на верскиот празник Петковден односно на 28 ноември“, рече Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на Земјоделци.

Градоначалникот Котевски ја искористи денешната прес конференција за да ја информира јавноста за спроведувањето на проектот за префрлање на системот за наводнување од ЈП Стрежево во новачко поле.

„Сакам да ја искористам прилика за да ја информирам  јавноста за еден голем проект кој започнуваме да го реализираме а тоа е префрлање на хидросистемот за наводнување од ЈП Стрежево преку река Црна во Новачко поле. Преземени се сите работи кои треба ние како општина да ги завршиме, проектот е изработен, информирано е и локалното население за активностите. Проектот ќе се реализира фазно затоа што е голем проект за кој се потребни големи финансиски средства а ќе ја имаме и поддршката на Министерството за земјоделство на РМ. Во првата фаза одиме со цевководот од езерото од РЕК кое при неговото празнење водата се испушта во Црна и непотребно се губи така што со овој проект оваа вода ќе се искористи за наводнување на 3000 хектари плодно земјиште во пелагонија. Во втората фаза ќе го префрламе системот преку река Црна, ќе ги поставиме главните цевководи а секундарната мрежа ќе ја поставуваме во следната фаза. Ќе постои и експропријација на земјиштето и морам да им се заблагодарам на поддршката и разбирањето од мештаните кои нема да поставуваат никакви пречки и нема да бараат надокнада за ископувањата на нивниот имот затоа што ја сфаќаат важноста од овој проект и бенефитот кој ќе го имаат од неговото реализирање“, рече Котевски.

Градоначалникот Котевски најави и неколку заинтересирани како домашни така и странски инвеститори за  откуп на земјиште или издавање под концесија за изградба на плантажи и пластеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php