«

»

Sep 24

Се одржа 8-та седница на Советот на општина Новаци

IMG_4301

Советот на општина Новаци ја одржа осмата седница на која расправаше за однапред утврдениот дневен ред со 15 точки и уште 5 дополнувања и барања. Советниците расправаа за одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Новаци за 2013 година, за програмата за работа на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за учебната 2013/2014 година и извештајот за работата на училиштето за изминатата учебна година, две одлуки за основање на подрачните училишта во с.Рапеш и с.Далбеговци.

На културно иновативниот клуб од Новаци кој ја реализираше манифестацијата „Топол културен бран“ му беа доделени финансиски средства. Се расправаше за предлог статутот на јавното претпријатие за комунални дејности „Комунална хигиена“ Новаци, одлуката за утврдување на цените како и одлука за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота на територијата на општина Новаци за 2013 година.

На месната заедница во с.Живојно им беше одобрено барањето за изградба на извор и шахти за регулирање на водата од браната. На Здружението на граѓани „Трновчица Будимирци“ Битола им беше одобрено барањето за изградба на мост на Бела река кај Арнаутските воденици во близина на с.Будимирци.

Сите точки кои се најдоа пред советниците беа изгласани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php