«

»

Sep 23

Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица

5

Дворот на прекрасниот  пелагониски манастир посветен на мајката Божја беше претесен за да ги собере околу 17 000 верници кои дојдоа да го прослават Рожденството на мајката над сите мајки Богородица. Општина Новаци заедно со манастирскиот одбор веќе цела недела се подготвуваше за прославата и народниот собир кој традиционално секоја година се одржува во дворот на манастирот.

„Ме радува што годинава и започнавме со изградбата на салата за кршевки, свадби и венчавки која ќе биде во склоп на манастриот. Ја добивме металната констркција за покривот на која ќе биде поставен лимот. Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци. Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници. Оваа година тоа е АД “Стопанска Банка“ од Битола. Општината редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите во Пелагонија“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

1

Во животот на христијаните ликот на Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос, зазема посебно значајно место. Македонскиот народ секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица и други. Народот верува дека Света Богородица е заштитничка на леунките и дека им помага на жените кои немаат пород.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php