«

»

Sep 20

Ќе се покрива салата за свадби, крштевки и венчавки во манастирот во Новаци

7

Пристигна челичната конструкција за покривање на салата за свадби, венчавки и крштевки што се гради во склоп на Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.

„Челичната конструкција е изработена во Р.Бугарија и истата ја плаќа ЗК Пелагонија согласно договoрот за донација кој го потпишаа со Управниот одбор на Mанастирот пред два месеци. Монтирањето на конструкцијата би требало да биде готова за 5 дена а потоа салата ќе треба да се покрие со лим“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

4

Челичната конструкција за покривање на салата  чини 25 000 евра и е донација од ЗК Пелагонија.

Од денеска на пладне па утре попладне Манастриот Рожденство на Пресвета Богородица го слави својот ден кој меѓу народот е попознат како Мала Богородица. Организаторите за овој ден подготвуваат богата културно-уметничка програма на која очекуваат да присуствуват околу 17 000 гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php