«

»

Sep 20

Ќе се решаваат проблемите со Агенцијата за катастар во општина Новаци

6

 

За неполна недела повторно состанок помеѓу месното население, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претставник од Агенцијата за Катастар – Битола. На состанокот се разговараше за решавањето на постоечките проблеми околу легализацијата на бесправно изградените објекти, за процедурите за приватизација на земјиште, за проблемите околу погрешниот премер на парцелите и за спроведувањето на системот за наводнување во новачко поле.

„За многу кратко време повторно одржуваме средба со претставник од Катастарот  на барање на жителите на општина Новаци со цел да се решат проблемите околу премерите на парцелите, легализацијата на бесправно изградените објекти, приватизацијата на земјиштето како и совети по разни други прашања. Исто така го искористивме состанокот за да го информираме месното население за начинот на кој ќе се спроведува системот за наводнување од ХМС Стрежево на територијата на новачко поле, ги информиравме дека ќе има потреба во нивните ниви да влегува механизација која ќе копа и ќе ги поставува цефките и сл“, рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

1

Од понеделник на месното население ќе им бидат поделени прашалници кои по нивното пополнување ќе бидат испратени во Скопје на понатамоѓно решавање. Минатиот викенд  средба со жителите на општина Новаци покрај градоначалникот остварија и директорот на Агенцијата за катастар на РМ и битолската подрачна единица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php