«

»

Sep 17

Отворен ден на Катастарот во општина Новаци

1

Директорот на Агенцијата за катастар на Република МакедонијаСлавчо Трпевски, придружуван од директорот на битолскиот катастарСтевче Стефановски и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски одржаа отворен ден со жителите и своите тимови.Средбата е од големо значење за месното население ако се има во предвид фактот што општина Новаци нема дисперзирана канцеларија на Катастар.

„Денеска сме во општина Новаци на барање на градоначалникот со цел да се запознаеме со проблемите кои ги имаат жителите на оваа општина со легализацијата но поврзано со катастарот. Според информациите што ги имаме вовде се јавуваат некои катастарски проблеми со систематизацијата на попишување која била направена овде во 2010 година. Затоа сме денес тука со градоначалникот да ги слушнеме граѓаните, да видиме кои се нивните проблеми и како да ги решиме.Целта е да се исправат грешките на катастарот таму каде што ги има а онаму каде што нема да се даде совет со цел истите понатаму да можат да си ги остварат своите имотни права“, рече Славчо Трпевски,директор на Агенција за катастар на РМ.

Целта на отворениот ден е запознавање на проблемите со кои се соочува населението околу легализацијата на бесправно изградени објекти и нивно надминување. Досега Општина Новаци издала 150 решенија за легализација на дивоградби.

„Средбата се одржува на барање на жителите на општина Новаци со цел да се решат проблемите околу премерите на парцелите, легализацијата на бесправно изградените објекти како и совети по разни други шрашања“, рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Имотно правните проблеми се најчести при постапката на легализацијата на бесправно изградени објекти. Во општина Новаци до сега биле доставени 900 барања од кои 150 позитивно се решени и издадени се решенија додека за 600 постапката е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php