«

»

Sep 17

Манастирот во Новаци пребукиран со екскурзии и посетители

IMG_4267

Дечињата од ОУ „Стив Наумов“ од Битола ја реализираа еднодневната екскурзија во прекрасниот двор на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.Вчера беа дечињата од шестто до деветто одделение, додека денеска ексурзијата ја реализираа учениците од одделенска настава.

 „Ме радува што манастирот прерасна во една дестинација која постојано е посетена.Вакви ексурзии на дечиња имаме редовно и минатата година а еве и годинава од основното училиште „Стив Наумов“ од Битола а за в понеделник ќе ги очекуваме дечињата од „Тодор Анѓелевски“, рече  Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

IMG_4263

 Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци е отворен за сите посетители кои сакаат да поминат прекрасни мигови.

 „Манастирот е достапен за сите верници во секое време, во деновите на викенд семејствата можат да не посетат и да поминат прекрасни мигови во преубаво уредениот двор, а посебно се радуваме на ваквите посети на дечињата кои се нашата иднина“, рече Вељо Тантаров, претседател на управниот одбор на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.

 Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателот на УО на Манастирот упатуваат покана до сите верници да го посетат овој храм на 20 и 21 септември кога се слави денот на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица. Организаторите очекуваат за овие два дена манастирот да го посетат околу 17 илјади верници а веќе се подготвува богата културно уметничка програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php