«

»

Sep 17

Заврши вториот меѓународен фудбалски турнир “Новаци Куп 2013”

DSC_5064

Заврши тридневното дружење и натпреварување за 58 те екипи од 30 различни фудбалски школи  од Македонија, Србија,Хрватска и Грција во рамките на вториот Меѓународен фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2013“ помлади пионери во генрациите 200-2004 година.

 „Ова е втора година по ред како го организираме овој фудбалски турнир по повод 8 септември Денот на независноста на РМ.Ме радува фактот што годинава имаме двојно повеќе учесници од лани,околу 1000 директно инволвирани учесници а тоа значи дека од година во година се повеќе расти и се развива.Годинава имаме 58 екипи од 30 фудбалски школи од кои 45 се од Македонија,8 од Србија, 3 од Грција и 2 од Хрватска.Генерален спонзор на турнирот е општина Новаци“, рече Лазар Котевски,градоначалник на општна Новаци.

 Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2013“ е поддржан и од фудбалската федерација на Македонија.

 „Го поздравуваме и го поддржуваме градоначалникот на општина Новаци кои зел за потребно да ги поддржи и да ги покрени младите  да се бават со спорт што ќе даде добри долгорочни резултати во развојот на младата популација.Што се однесува до ФФМ ние секако дојдовме тука за да го поддржиме овој турнир  затоа што значи развој на фудбалот за што и ние се ангажираме“, рече Димитар Зисовски,генерален секретар на ФФМ.

 „Новаци ЛГ куп 2013“ е еден од најмасовните балкански фудбалски турнири кој се одржуваше три дена на стадионите во Новаци и Логоварди.Ова е втора година по ред како го организираме и годинава имаме околу 1000 млади фудбалери кои дојдоа на наша покана.Очекуваме уште поголема масовност и подобра организација в година“, рече Лазе Гаштаров, тренер на ФШ ЛГ Битола.

 На тридневниот меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2013“ беа доделени следните награди:

Во генерација 2000 за најдобар голман беше прогласен Аријанит Кека од Букуроца,Србија, најдобар стрелец Карасунас Панајотис  од Астромитос,Грција, најдобар играч Вели велија од Фортуна Скопје, четвртото место го освоија фудбалерите на Астромитос, трето место Тотал фудбал од Ресен, второ место Букуроца од прешево,Србија а првото место му припадна на Фортуна од Скопје.

Во генерација 2001 за најдобар голман беше прогласен Михајловиќ Јовица од ЛГ Битола, најдобар стрелец Јошевски Андреј од ЛГ Битола, најдобар играч Виктор Ризанов од Ферплеј од Охрид, четвртото место го освоија фудбалерите на ЛГ Битола, трето место Академија Пандев Постолов од Штип, второ место Еуро фудбал од Охрид а првото место му припадна на Фер плеј од Охрид.

Во генерација 2002 за најдобар голман беше прогласен Ѓоко Бешировски од Фер плеј Охрид, најдобри стрелци беа прогласени Симон Марковски и Христијан Китрозовски од Академија Постолов Пандев од Штип, најдобар играч Христијан Стојановски од Металург Скопје, четвртото место го освоија фудбалерите на ЛГ Битола, трето место Академија Постолов Пандев од Штип, второ место Фер Плеј Охрид а првото место му припадна на Металург од Скопје.

Во генерација 2003 за најдобар голман беше прогласен Петков Ѓорги од Брегалница Штип, најдобар стрелец  Стојановиќ Матеј од Реал Ниш, најдобар играч Урош Бранковиќ од Кикер Краљево, четвртото место го освоија фудбалерите на Брегалница од Штип, трето место Реал Ниш, второ место ЛГ Битола а првото место му припадна на Кикер од Краљево, Р.Србија.

Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен вучетич Петар од кикер Краљево,Србија, најдобар стрелец Богдановски Мартин од ЛГ Битола, најдобар играч Маринковиќ Никола  од кикер Краљево, четвртото место го освоија фудбалерите на Тотал фудбал од Ресен, трето место ЛГ Битола, второ место Кикер Краљево а првото место му припадна на ФШ Академија Постолов Пандев од Штип.

Организаторот на турнирот имаше подготвено пехари и медаљи за 1,2,3 и 4 место како и пехари за најдобар голман,стрелец и играч за секога генерација посебно. На турнирот учество зедоа 30 фудбалски школи со 58 екипи во различни генерации од Македонија,Хрватска,Грција и Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php