«

»

Sep 17

Едукација на најмладите за нивното дентално здравје

Day 1 Dental Project at Bambi PreSchool 09-12-2013 (9)

Волонтерот на Американскиот Мировен корпус  Џејми Метс, во игротеката Бамби и ЦОУ Славко Лумбарковски– Новаци ги едуцираше децата за нивното дентално здравје, како да ги мијат забите и зошто е тоа толку важно.Исто така им одржаи советување на родителите на кој начин да влијаат и да ги поттикнат децата редовно да ги мијат забите.

„Ние како општина ги поддржуваме и поттикнуваме ваквите едукативни активности кај децата.Ова е многу важна обука затоа што на овој начин кај децата ќе се создаде една здрава навика за редовно миење на запчињата и одржување на денталната хигиена“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

„Работев два дена во Новаци во игротеката Бамби со деца на претшколска возраст и со дечињата од прво и второ одделение во училиштето Славко Лумбарковски.Им покажав на децата како правилно да ги мијат забите и зошто е тоа важно.Исто така им укажав на родителите да ги поттикнат своите деца редовно да ја одржуваат хигиената на забите кај нивните деца“, рече Џејми Метс,волонтерот на Американскиот Мировен корпус.

014

Во проектот беа вклучени вкупно 83 учесници односно 22 женски, 27 машки деца и 34 родители. На сите присутни  им беа поделени бесплатни четки и пасти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php