«

»

Sep 17

Градоначалникот Котевски на студиско патување во Задар

prezentacija_zadar

Преку проектот за „Експанзија на мали бизниси“ на УСАИД,Пелагонија Леадер и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е на четиридневно студиско патување во Задар,Р.Хрватска.

Во рамките на оваа посета ќе се разменат искуства и знаења за формирањето и финансирањето на Локалните акциони групи (ЛАГ-ови) преку ИПАРД програмата,ќе се слушнат најразлични примери и лекции од искуствата во Хрватска,ќе се посетат најуспешните ЛАГ-ови во таа земја,земјоделската задруга „МАСВИН“ која е сопственик на 70 хектари насади со маслинки,вино и смокви, теренска посета на земјоделскиот проект за наводнување на површина од 6000 хектари „Баштица“, средба со Задарската комора на мали бизниси кои се занимаваат воглавно со производство на пашко сирење,пекари,производители на бели печива и угостители како и средба со градоначалникот на Биоград,Иван Кнез и заменик градоначалникот на Поличник кој воедно е и претседател на истоимениот ЛАГ,Стјепан Мариновиќ.

Општина Новаци е вклучена во проектот ЕУ Леадер и за најскоро време ќе биде член на Локалната акциона група која ќе го опфаќа пелагонискиот регион.

Преку Карана корпорацијата и УСАИД успешно се спроведува проектот за Ескпанзија на мали бизниси во кој се вклучени неколку земјоделци кои произведуваат пченица и индустриски домат каде е спроведен системот за наводнување капка по капка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php