Daily Archive: September 17, 2013

Sep 17

Едукација на најмладите за нивното дентално здравје

Волонтерот на Американскиот Мировен корпус  Џејми Метс, во игротеката Бамби и ЦОУ „Славко Лумбарковски“– Новаци ги едуцираше децата за нивното дентално здравје, како да ги мијат забите и зошто е тоа толку важно.Исто така им одржаи советување на родителите на кој начин да влијаат и да ги поттикнат децата редовно да ги мијат забите.

Sep 17

Отворен ден на Катастарот во општина Новаци

Директорот на Агенцијата за катастар на Република МакедонијаСлавчо Трпевски, придружуван од директорот на битолскиот катастарСтевче Стефановски и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски одржаа отворен ден со жителите и своите тимови.Средбата е од големо значење за месното население ако се има во предвид фактот што општина Новаци нема дисперзирана канцеларија на Катастар.

Sep 17

Манастирот во Новаци пребукиран со екскурзии и посетители

Дечињата од ОУ „Стив Наумов“ од Битола ја реализираа еднодневната екскурзија во прекрасниот двор на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.Вчера беа дечињата од шестто до деветто одделение, додека денеска ексурзијата ја реализираа учениците од одделенска настава.

Sep 17

Градоначалникот Котевски на студиско патување во Задар

Преку проектот за „Експанзија на мали бизниси“ на УСАИД,Пелагонија Леадер и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е на четиридневно студиско патување во Задар,Р.Хрватска.

Sep 17

Заврши вториот меѓународен фудбалски турнир “Новаци Куп 2013”

Заврши тридневното дружење и натпреварување за 58 те екипи од 30 различни фудбалски школи  од Македонија, Србија,Хрватска и Грција во рамките на вториот Меѓународен фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2013“ помлади пионери во генрациите 200-2004 година.

css.php