«

»

Sep 06

Презентирана физибилити студијата за наводнување на новачко поле

DSC_4909

Денеска во општина Новаци претставници на консултантската куќа Поинт Про пред градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски,претставници на УСАИД  и стручни лица од РЕК битола, ЗК Пелагонија и ЈП Стрежево ја презентираа нацрт верзијата на физибилити студијата за проектот за префрлање на системот за наводнување во новачко поле.

„Денеска заедно сите ја разгледавме првичната верзија на физибилити студијата за наводнување на новачко поле.Изработата на истата чини 10 000 долари  а ја финансира УСАИД.Ова е резултат на доброто партнерство и соработката помеѓу двете институции кои заедно го спроведуваат пилот проектот за „Експанзија на мали бизниси. Со префрлањето на системот за наводнување најголем бенефит ќе имаат земјоделците затоа што ќе им се олесни работата во најголема мера,ќе им се зголеми продуктивноста и ќе им се намалат трошоците.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_4921

Целта на денешната презентација беше преку првично разгледување на студијата,идентификување на слабостите и предностите да се соберат информации, размислувања и сугестии кои ќе се вметнат во конечната верзија на физибилити студијата за да се изнајде најдобриот начин за префрлање на хидросистемот за наводнување на територијата на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php