«

»

Sep 05

Викендот ќе се одржи вториот меѓународен фудбалски турнир за пионери „Новаци куп 2013“

32

По повод Денот на Независноста на РМ во сабота напладне на стадионот на ФК Новаци свечено ќе биде отворен вториот по ред Меѓународен турнир во фудбал за деца под 13 години „Новаци Куп 2013“.Спортскиот настан ќе го отвори градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој е и главен покровител на настанот како и претставници од Фудбалската федерација на Македонија.

16

„Ова е втора година како по повод Денот на независноста на Република Македонија го организираме овој спортски настан и многу сум среќен што гледам дека за една година турнирот се издигна на едно повисоко ниво од лани.Ќе имаме околу 1000 директни учесници, гости кои покрај од нашата држава ќе ни дојдат од Србија, Хрватска и Грција. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

3

„Новаци Куп 2013“ е еден од најмасовните Балкански турнири.Натпреварувачкиот дел ќе се игра на терените во Новаци и Логоварди во два дела првиот дел се игра во сабота и недела кога се и доделувањата на наградите за најдобрите, за генерација 2001 и 2003, а вториот дел за генерациите 2000, 2002 и 2004 ќе се игра во недела и понеделник кога се и доделувањата на наградите за овие генерации.

„За трите дена дури се одржува турнирот ќе се одиграат 110 натпревари во различни категории. Минатата година учествуваа 32 екипи со околу 600 деца а оваа година интересот за учество е огромен па затоа и бројката на екипи учесници е скоро дупло поголема. Турнирот ќе претставува фудбалски празник во трите дена дури се одржува, па сите вљубеници на фудбалот ги покануваме да присуствуваат на овој најмасовен фудбалски спектакал. “ рече Лазе Гаштаров,ФШ ЛГ Битола.

Традиционален меѓународен турнир за деца под 13 год.го организираат фудбалскиот клуб Новаци 2005 и ЛГ Битола и ќе трае три дена од 07 до 09 септември. Турнирот се одржува втора година по ред, а на кој учество ќе земат 30 фудбалски школи со по 58 екипи од Македонија, Хрватска, Грција и Србија. Минатата година победници беа ФШ Кикер од Краљево-Србија во генерација 2003 и ФШ Борец од Велес за генерација 2003.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php