«

»

Sep 03

Обележување на улиците во општина Новаци

4

Вработените во комуналното претпријатие „Комунална Хигиена“ започнаа со спроведување на редовната акција за обележување на улиците, пешачките премини и „лежечките полицајци“ на територијата на општина Новаци.

„Ова е една активност што ние како локална самоуправа преку комуналното претпријатие ја спроведуваме секоја година со цел да ги обележиме улиците,прешачките премини и средствата за забавување на сообраќајот.Ова е неопходно пред се заради безбедноста на сообраќајот особено во Новаци каде има навистина голема фрекфрентност на патиштата заради непосредната близина до РЕК. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

2

Ова е редовна акција која се спроведува секоја година во овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php