«

»

Sep 03

Бизнис делегација од Турција во посета на Општина Новаци

4

Турска бизнис делегација предводена од амбасадорот на Р.Македонија во Р.Турција Горан Тасковски во посета на Општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски.На состанокот се разговараше за можностите за инвестиции на територијата на општина Новаци во областа на земјоделството.

„Денеска бевме домаќини на турска бизнис делегација предводена од македонскиот амбасадор Тасковски.Ова не е прв пат да доаѓаат вакви делегации во општина Новаци. Јас како градоначалник ги запознав потенцијалните инвеститори со можностите кои ги нуди нашата општина, со нашите ресурси и богатства.Тие изразија задоволство од тоа што го видоа и покажаа интерес за инвестирање во областа на земјоделството,поточно заинтересирани се за градење на фабрика за производство на земјоделска механизација  за територијата на Новаци,Битола и Могила.“ рече лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

3

Општина Новаци покрај во земјоделството е доста интересна за инвестирање и во делот на сончевите фотоволтаични централи, хидроцентрали и производство на вода и ЦО2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php