«

»

Sep 02

Учебната 2013/2014 започна со пуштање на новото училиште во Далбеговци

IMG_4225

Новата 2013/14 учебна година во општина Новаци започна со ставање во употреба на првото монтажно училиште во село Далбеговци.Училиштето е едно од 23-те монтажни изградени од страна на Министерството за образование и наука ширум целата држава.Располага со две училници комплетно опремени,санитарни јазли, кујна и просторија за наставничкиот кадар.

 

IMG_4213

„ Им благодариме на МОН за средствата кои ни ги додели за изградба на ова прекрасно училиште во Далбеговци.Со средства на општината е изградена бетонската платформа на која е подигнато училиштето и уреден е училиѓшниот двор додека веднаш зад него има повеќенаменско игралиште а пред училиште детски парк со реквизити. Мислам дека дечињата кои тука ќе посетуваат настава ќе имаат одлични услови за следење на наставата а тоа е и нашата цел како локална самоуправа и на децата од руралните средини да им обезбедиме исти услови како и во урбаните средини “ рече Лазр Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Родителите се задоволни од условите кои им се обезбедени на нивните деца, нови училници,, нов современ школски инвентар, паарно греење.Пресреќни се што нивните деца ќе учат во родното село и нема секој ден да патуваат за на школо.

 

IMG_4234

Во општина Новаци учебната година започна за 208 ученици од прво до деветто одделение во централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ и 8-те подрачни училишта, од кои 32 првачиња.

Оваа учебна година новина за наставниците е што задолжителниот електронски дневник ќе го водат седмично, наместо дневно, согласно со дополнетиот Закон за просветна инспекција.Во завршна фаза е договорот со издавачката куќа на универзитетот Кембриџ за превод и адаптација на учебници од природните науки за основното образование, што е овозможено со дополнувањето на Законот за учебници и на Законот за Бирото за развој на образованието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php