«

»

Sep 02

Со концерт на класична музика заврши „Топол културен бран“ во Новаци

998131_532041986860862_590493622_n

Заврши културната манифестација „Топол културен бран“ во општина Новаци. Во прекрасен амбиент во дворот на храмот Рожденство на пресвета Богородица  беше изведен концерт на класична музика во појано изведба на Сара Цветковска и Томе Костовски,ученици во Државното музичко училиште во класата на проф. М-р Марија Шамовска Буџаковски.

Ова е прв пат во оваа рурална општина да се организира еден ваков културен перформанс за кој имаше навистина голем интерес кај посетителите.

1231467_532041910194203_724212509_n

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски им се обрати на присутните, го изрази огромното задоволство од прекрасно организираниот настан  и свечено ја прогласи за затворена оваа културна манифестација.

1230084_532041663527561_573073722_n

Концертот на класична музика беше последен настан од вкупно четирите кои беа организирани во рамките на културната манифестација „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура и општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php