Daily Archive: September 2, 2013

Sep 02

Со концерт на класична музика заврши „Топол културен бран“ во Новаци

Заврши културната манифестација „Топол културен бран“ во општина Новаци. Во прекрасен амбиент во дворот на храмот Рожденство на пресвета Богородица  беше изведен концерт на класична музика во појано изведба на Сара Цветковска и Томе Костовски,ученици во Државното музичко училиште во класата на проф. М-р Марија Шамовска Буџаковски.

Sep 02

Учебната 2013/2014 започна со пуштање на новото училиште во Далбеговци

Новата 2013/14 учебна година во општина Новаци започна со ставање во употреба на првото монтажно училиште во село Далбеговци.Училиштето е едно од 23-те монтажни изградени од страна на Министерството за образование и наука ширум целата држава.Располага со две училници комплетно опремени,санитарни јазли, кујна и просторија за наставничкиот кадар.

css.php