Monthly Archive: September 2013

Sep 27

Започнува есенската сеидба во Пелагонија

Од Крстовден до Петковден земјоделците во Пелагонија треба да ги завршат земјоделските работи околу есенската сеидба на културите. Тоа денеска на прес конференција го најавија градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров.

Sep 24

Се одржа 8-та седница на Советот на општина Новаци

Советот на општина Новаци ја одржа осмата седница на која расправаше за однапред утврдениот дневен ред со 15 точки и уште 5 дополнувања и барања. Советниците расправаа за одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Новаци за 2013 година, за програмата за работа на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за учебната 2013/2014 година и извештајот за …

Continue reading »

Sep 23

Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица

Дворот на прекрасниот  пелагониски манастир посветен на мајката Божја беше претесен за да ги собере околу 17 000 верници кои дојдоа да го прослават Рожденството на мајката над сите мајки Богородица. Општина Новаци заедно со манастирскиот одбор веќе цела недела се подготвуваше за прославата и народниот собир кој традиционално секоја година се одржува во дворот …

Continue reading »

Sep 20

Ќе се решаваат проблемите со Агенцијата за катастар во општина Новаци

  За неполна недела повторно состанок помеѓу месното население, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претставник од Агенцијата за Катастар – Битола. На состанокот се разговараше за решавањето на постоечките проблеми околу легализацијата на бесправно изградените објекти, за процедурите за приватизација на земјиште, за проблемите околу погрешниот премер на парцелите и за спроведувањето на …

Continue reading »

Sep 20

Ќе се покрива салата за свадби, крштевки и венчавки во манастирот во Новаци

Пристигна челичната конструкција за покривање на салата за свадби, венчавки и крштевки што се гради во склоп на Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.

Sep 17

Едукација на најмладите за нивното дентално здравје

Волонтерот на Американскиот Мировен корпус  Џејми Метс, во игротеката Бамби и ЦОУ „Славко Лумбарковски“– Новаци ги едуцираше децата за нивното дентално здравје, како да ги мијат забите и зошто е тоа толку важно.Исто така им одржаи советување на родителите на кој начин да влијаат и да ги поттикнат децата редовно да ги мијат забите.

Sep 17

Отворен ден на Катастарот во општина Новаци

Директорот на Агенцијата за катастар на Република МакедонијаСлавчо Трпевски, придружуван од директорот на битолскиот катастарСтевче Стефановски и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски одржаа отворен ден со жителите и своите тимови.Средбата е од големо значење за месното население ако се има во предвид фактот што општина Новаци нема дисперзирана канцеларија на Катастар.

Sep 17

Манастирот во Новаци пребукиран со екскурзии и посетители

Дечињата од ОУ „Стив Наумов“ од Битола ја реализираа еднодневната екскурзија во прекрасниот двор на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.Вчера беа дечињата од шестто до деветто одделение, додека денеска ексурзијата ја реализираа учениците од одделенска настава.

Sep 17

Градоначалникот Котевски на студиско патување во Задар

Преку проектот за „Експанзија на мали бизниси“ на УСАИД,Пелагонија Леадер и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е на четиридневно студиско патување во Задар,Р.Хрватска.

Sep 17

Заврши вториот меѓународен фудбалски турнир “Новаци Куп 2013”

Заврши тридневното дружење и натпреварување за 58 те екипи од 30 различни фудбалски школи  од Македонија, Србија,Хрватска и Грција во рамките на вториот Меѓународен фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2013“ помлади пионери во генрациите 200-2004 година.

Older posts «

css.php