«

»

Aug 29

Градоначалникот Котевски и раководството на РЕК го одбележаа Денот на рударите

1185835_636422399714995_274282981_n

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со раководството РЕК со свечен ручек во дворот на манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци го одбележаа овој 28 август Денот на рударите но и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

„Сакам да го честитам Денот на рударите а воедно на сите верници сакам да им го честитам овој голем верски празник посветен на мајката Божја. Имам голема чест што дел од чествувањата се одржуваат во општина Новаци како и во овој прекрасен манастир кој е посветен на Света богородица.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

1232975_636422529714982_60139972_o

Директорот на РЕК „Битола“, Мирко Ристевски преку соопштение лиферувано од ЕЛЕМ го истакнал значењето на рударите во остварувањето на крајните производствени резултати на РЕК„Битола

„Уште еднаш сме овде да ја истакнеме вашата значајна улога, да оддадеме признание на вашата тешка професија, за огромниот напор што секојдневно го вложувате и им давате живот на овие рудници. Со посебна почит ќе ја нагласам вашата јасна определба – обезбедување на континуирана работа на РЕК „Битола“ и градење на стабилен енергетски систем на Република Македонија“, рекол во обраќањето Мирко Ристевски, генерален директор на РЕК.

„ Нашите рудари покажаа дека имаат капацитет и знаење да одговорат на сите предизвици пред кои се исправени, обезбедувајќи ги неопходните количини на енергетска суровина, потребна за континуирана работа на енергетските блокови на РЕК„Битола“, кои испорачуваат повеќе од 70 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија“- посочил директорот на рудници во РЕК Битола, Спиро Мавровски.

Според Дејан Бошковски, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, врвен приоритет за компанијата останува одржувањето на стабилно производство на јаглен од рудникот „Суводол“, продолжување на работниот век на РЕК „Битола“ за наредните две децении, како и отворање на новиот јагленокоп Брод – Гнеотино заедно со подинските јагленови серии. Во моментов сите три јагленокопи се во функција. Во функција е и главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од површинскиот коп „Брод – Гнеотино“ до рудникот Суводол во должина од 10 километри, инвестиција вредна 18,6 милиони евра. Годинава, започнавме со изградбата на асфалтниот пат од селото Новаци до површинскиот коп Брод – Гнеотино со должина од 11 километри, инвестиција вредна околу 1,8 милиони евра и со овој зафат, на најдобар начин ги заокружуваме активностите поврзани со новиот рудник „Брод – Гнеотино“, истакнал Бошковски. Генералниот директор на Државните електрани потсетил и дека во тек се интензивни истражувања на јагленот во потенцијалните лежишта во Живојно и останатиот Мариовски басен, во функција на долгорочно обезбедување енергенс за РЕК „Битола“, а со тоа и долгорочна енергетска стабилност на Република Македонија.

Претходно Денот на рударите традиционално беше одбележан  во рудникот за јаглен во Суводол, додека на свеченоста која ја организираше Синдикатот на РЕК беа прогласени најдобрите рудари за оваа година а беа доделени пофалници и благодарници на победниците на спортските работнички игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php