«

»

Aug 27

Обука на претставници од ГИС во општина Новаци

IMG_4191

Претставници на ГИС-географски информациски систем ја обучуваа државната администрација во Општина Новаци за значењето и користењето на колекцијата на софтвер кој овозможува креирање,визуелизирање и анализирање на геопросторни податоци.

Станува збор за компјутерски систем што е способен за интегрирање,складирање,уредување,анализа и прикажување на географски информации.Во поширока смисла на зборот ГИС е орудие на „паметна карта“ што им остава можност на корисниците да поставуваат интерактивни прашања, да анализираат просторни информации и да уредуваат податоци.

gisdata

ГИС системот е модерна апликација,лесна за инсталирање со графички кориснички интерфејс   а главна цел е обезбедување на ГИС прегледник на податоци.

Технологијата на географскиот информациски систем може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата. ГИС често се користи и за потребите на маркетиншките истражувања,геологијата,градежништвото, но и во сите области што користат податоци кои се поврзани со карти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php