«

»

Aug 23

Промоцијата на аматерскиот документарен филм- Недопрените убавини на нашата Општина,трет настан во Топлиот културен бран во Новаци

DSC_0677

Продолжува културната манифестација Топол културен бран во општина Новаци.Со промоција на краткометражниот документарен филм „Недопрените убавини на нашата општина“  се одржа третиот настан од втората фаза  на реализација. Општина Новаци преку Културно иновативниот клуб за прв пат ја добива поддршката на Министерството за култура за одржување на културни манифестации.

„ Ова е втора фаза од Топол културен бран во општина Новаци.Вечерва имаме една видео презентација на недопрените убавини на нашата општина која изоблилува со многу реткости и историско и културно наследство.Последниот настан од оваа културна манифестација поддржана од Министерството за култура ќе се одржи на 30 август и ќе се одржи во манастирот во Новаци.Мило мие што општина Новаци е добитник на оваа манифестација и ќе продолжиме и понатаму да работиме на развојот на културниот живот,благодарение на културно иновативниот клуб кои имаат неисцрпни идеи.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Култруната активност „Топол културен бран“ ја реализира Културно иновативниот клуб Новаци и тоа во две фази.

„Денешниот краток филм е трет настан од случувањата кои се во рамките на манифестацијата Топол културен бран поддржана од Министерството за култура на РМ.Ова е втора фаза а во првата фаза имавме два настани.Едниот беше на Центарот за едукација и ран детски развој Етно Илинден од Битола и концертот на Културно уметничкото друштво Новаци од Новаци.Потоа имавме промоција на детската претстава Снежана и седумтте џуџиња .Ни преостанува уште свеченото затворање на манифестацијата. “ рече Елизабета Јончиќ,претседател на КИК Новаци,организатор на Топол културен бран.

Културната манифестација„Топол културен бран“  во Новаци ќе биде затворена на 30 август со почеток во 20 часот во Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица  во Новаци со концерт на класична музика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php