«

»

Aug 22

Градоначалникот Котевски на третата седница на Советот на Пелагонискиот плански регион

1174638_567632519938776_324660960_n

Градоначалниците на 9-те општини од Пелагонискиот регион ја одржаа третата седница на Советот на Пелагонискиот плански рехион на која расправаа по проектите што како општини ќе ги поднесат до неколку фондации и европските предпристапни фондови.

Како најважни точки на дневниот ред беа потенцирани:можноста за соработка со развојната агенција ГИЗ односно изборот на проекти за користење на грантот од 50 илјади евра средства наменети за изработка на техничка документација како и проекти со кои ќе се аплицира во ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013 во третиот повик.

На седницата беше разговарано и за продолжување на проектот  за управување со отпадот кој се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ.

„На денешната седница со колегите градоначалници разговаравме за отпочнување со изградба на регионална депонија и изработка на техничка документција за изградба на истата. “ рече Лазар Котевски ,градоначалник на општина Новаци.

Проектите за кои се разговараше се однесуваат на еколошки инфраструктурни промени и потреби, проекти кои ја разработуваат економско-социјалната потреба на граѓаните и можностите за зголемувањето на капацитетите на општините со цел зајакнување на економскиот стандард на населението во овој регион.

На третата седница беше најавено и студиското патување на градоначалниците во Задар каде ќе добијат повеќе информации за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и размена на искуства со други општини кои веќе успешно работата во рамките на формираните ЛАГ-ови (локални акциони групи).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php