«

»

Aug 16

Градоначалникот Котевски на прослава по повод Денот на Арм во Гарнизонот во Прилеп

arm

 

На покана на командантот на Гарнизонот Прилеп потполковник Жарко Ристески,градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски  присуствуваше на свеченоста по повод Денот на АРМ – 18 Август.По тој повод во касарната   „Мирче Ацев“ во Прилеп беше организирана пригодна свеченост.

Со свечено постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје и концерт на воениот оркестар на плоштадот „Македонија“се одбележува 18 Август – Денот на АРМ.

На свеченоста пред МО и ГШ на АРМ, се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а присуствуваа ресорниот министер за одбрана Талат Џафери, заменик – министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ и вработените во МО и ГШ на  АРМ.

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје во рамки на програмата за одбележување на Денот на АРМ, поставена е изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.Тактичко-техничкиот збор можеа да го посетат граѓаните на Скопје и Република Македонија, ден претходо, каде покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, беше изложен и борбениот  хеликоптер Ми-24.

Изложба на вооружување и опремата е организирана и во касарните на АРМ во Куманово, Петровец, Штип, Прилеп и Кичево, каде во текот на денот, граѓаните ќе можат да ја посетат изложбата и да се дружат со припадниците на АРМ.

Прв пат оваа година на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се организира концерт на воениот оркестар. На концертот покрај Воениот оркестар ќе настапат и естрадните уметници Драган Мијалковски, Есма Реџепова Теодосиевска, Мустафа Имери и Блага Петреска. Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар ,,Карпош“ од Скопје, а настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php