«

»

Aug 16

Градоначалникот Котевски на перформансот со храна „Битола мост помеѓу Европа и Ориентот“

hrana 9

„Битола мост помеѓу Европа и Ориентот“ е името на гастрономскиот перформанс кој се одржа синоќа во период од 18 до 20 часот во битолскиот ресторан „Корзо“ во рамки на културното лето „Бит фест“. Настанот е во организација на Здружението за туризам, екологија и претприемништво „Битола бренд“ и како цел ја има намерата преку храната да го претстави стилот на живеење и да го поттикне развојот на туризмот.

hrana 1 (1)

„Целта на вечерта е да потврдиме дека Битола го негува боемството и „меракот“ за добра дружба со добра храна и влијанијата од различните култури ја прават поубава, потопла – колевка на космополитизмот – вели Бесна Божиловиќ од Битола Бренд.

 

Општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски имаат одлична соработка со  Здружението „ Битола бренд“ кое наскоро ќе отвори своја канцеларија во Новаци со основна цел развој на алтернативниот туриза во преубавото Мариово.

 

„Многу интересна манифестација на која се изложени традиционалните јадења на двете светски познати кујни, приготвени се специфични јадења препознатливи за овие две поднебја но одомаќинети и кај нас како на пример пилешки паприкаш,телешко со наут и ширден и сл. Ние имаме доста добра соработка со Здружението „Битола бренд“ со кои заедно настапивме на Саемот на цвеќето но ќе соработуваме и во развој на туризмот во мариовските предели.Исто така одлична соработка имаме и со конзулот на Унгарија и амбасадорот на РМ Во Турција“ вели Котевски.

 

Перформансот се одиваше на отворено при што беше поставен убаво уреден амбиент со две импровизирани кујни ,помошни масички и фурна, скара и „сач“. Двајца готвачи ја претставуваа унгарската наспроти турската кујна кои заедно со нивните помошници подготвуваа специфични традицонални јадења, десерти и ладни закуски со кои беа послужени гостите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php