«

»

Aug 15

Во Гнеотино се слави празникот посветен на Маченикот Св.Стефан

IMG_4140

Како и секоја година така и оваа со голема народна веселба и македонски песни во присуство на многубројните верници,мештани и иселеници кои дошле на посета на родната грутка беше прославен празникот посветен на маченикот Св.Стефан, во истоимената црква во село Гнеотино.

Народната веселба беше збогатена со присуството на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски кој многу придонесол за развој на овие краишта и за изградба на манастирот.

IMG_4135

Со погача со паричка беше избран кумот на прославата за догодина со што се продолжува една стара македонска традиција .

Маченикот свети Стефан, е првиот маченик кој ја пролеа својата крв за Исус Христос.Тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим .На црквата му се придружил многу млад.

IMG_4133

Свети Стефан бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Поради залагањето за христијанството бил осуден на смрт со каменување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php