«

»

Aug 14

Втора фаза од теристичката дезинсекција во општина Новаци

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На 19 и 20 август Центарот за јавно здравје Битола ќе ја спроведе втората фаза од системската дезинсекција за уништување накомарците на подрачјето на општина Новаци.

 

„ Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ , а врз основа на одлуката на Советот на општина Новаци во понеделник и вторник на 19 и 20 август на територијата на нашата општина ќе се спроведува превентивна систеатска дезинсекција како против епидемиска мерка.“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

 

Дезинсекцијата ќе се спроведува од земја во периодот од 19 до 06 часот со апаратура од УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило, на кое ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло .Третирањето ќе се изведува со препаратот АЉУА К-ОТХРИНЕ со активн а супстанца ДЕЛТАМЕТРИН.

 

Со оваа превентивна мерка ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на река црна,подрачјата околу каналскиот систем , локалитетите со застојани водени површини,урбани населби и локалитети предвидени спроед планот и програмата.

 

Заради избегнување на сите несакани последици  известени се медиумите,здравствените институции, здруженијата на пчелари  и сл.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд ) дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php