«

»

Aug 12

Новачко Добромири наскоро со тениско игралиште

TENISKO_001

До наесен новачко Добромири ќе добие модерно и осветлено тениско игралиште со трибини според светски стандарди.Изградбата на овој спортски објект  чини околу 2 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци.  

„Ние сме едни од ретките рурални општини кои имаме тениско игралиште чија изградба најпрво ни беше доделена од Агенцијата за спорт и млади, меѓутоа потоа имаше некои измени од кај нив и ни беше кажано дека такви игралишта нема да се градат во рурални средини, но бидејќи ние веќе го започнавме проектот решивме сами да го финансираме.Изградбата веќе ние при крај ќе биде модерно по светски стандарди осветлено со трибини, заградено и во најкраток можен рок ќе биде пуштено во употреба. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Веднаш до игралиштето според проектот планирано е да биде направено и партерно уредување со детски забавен парк со реквизити. Многу сме задоволни од овој проект и горди сме што општина Новаци ќе има вакво тениско игралиште  каде постои голем интерес за развој на овој спорт, посочи Котевски.

„Заинтересираноста е доста голема кај младите,паможе во иднина и ние да извадиме некој Гоковиќ во иднина.Ќе поканиме некои стручни лица кои ќе ги учат и обучуваат нашите млади за овој спрот Планираме да биде како отворен парк, забавен за младите, ќе организираме разни свечености но главниот акцент ќе биде ставен на развојот на тенисот како спорт.Тоа е нов спорт за оваа средина иако е доста развиен во светот“ рече Котевски

Во придобивките на партерното уредување и тениското игралиште ќе уживаат околу 300 жители на село Добромири. Вакви партерни уредувања и игралишта општина Новаци има направено во многу села а во догледно време ќе бидат изградат во сите населени места со поголем број на жители кои се под нивна надлежност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php