«

»

Aug 07

Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општина Новаци

IMG_4082

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите заседаваше по одржувањето на шестатта седница на Советот на општина Новаци на која се направи избор на координатор и членови на истоимената комисија.

Ова беше прв состанок на новиот состав на комисијата на кој во кратки црти се запознаа со обврските на единицата на локалната самоуправа кои произлегуваат од Одредбите на Законот за еднакви можности на жените и мажите донесен на 11.01.2012 година, чија цел е воспоставување на еднакви можности и еднаков третман на жените и мажите во сите сфери на општествено живеење.

Комисијата во следниот период ќе утврди што е сработено од претходниот состав, донесе план на активнсоти и дејствување а за сите новини и состаноци редовно ќе го известува градоначалникот Лазар котевски и Советот на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php