«

»

Aug 07

Општина Новаци на листата на општини зафатена од Бела чума

negativen priroden prirast

Државниот завод за статистика на РМ со поразителни бројки за природниот прираст во државата и односот на родени и умрени лица.На црната листа како најзагрозени се најдоа општините: Битола, Прилеп,Новаци и уште 6 пелагониски општини, 13 општини во источна и североисточна Македонија, 6 општини од вардарскиот регион, а во Скопје безмилосно стареат Кисела Вода и Карпош.

Повеќе од 40 отсто од општините во земјава се зафатени од белата чума, болеста на модерното време. Според официјалните податоци на ДЗС за 2012 година триесет и седум општини, сите со доминантно македонско етничко население, имаат негативен природен прираст и во нив бројот на умрени бил поголем од бројот на живородени деца.

Особено загрижуваат податоци за двата најголеми градови во најмакедонскиот регион Пелагонија. Битола лани имала негативен природен прираст од 381 лице, а Прилеп имал негативен прираст од 124 лица. Тоа значи дека заедно во двете најголеми општини на македонскиот југозапад се родиле 505 лица помалку со споредба со бројот на лица кои починале таа година. Во општина Битола соодносот на умрени и живородени е 1.262 лица наспрема 881 бебе. Во Прилеп починале 897 лица, а се родиле 773 бебиња. За да биле големата слика полоша во неа влегуваат уште шест општини кои се дел или гравитираат кон Пелагонија. Тие се: Новаци со негатива од 50 лица – општина во која на три починати лица се раѓа само едно бебе! Могила има подобар скор од 2011 година, но и лани била во негатива од 11 лица, а Кривогаштани лани има скор од безмалку едно новородено бебе на две починати лица. Многу е лоша состојбата и во општина Македонски Брод каде скорот е дев починати лица на едно новородено бебе. Уште полошо е во Демир Хисар каде соодносот е 143 починати наспрема 60 новородени деца. И во Крушево е негативен прирастот и изнесува 141 наспрема 108, но е далеку подобро во споредба со Брод и со Демир Хисар.

Секој град на истокот е жртва на белата чума, исклучок е само Виница. Штип, Кочани, Берово, Делчево, Пехчево, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка – сите градови во источниот и североисточниот дел на Македонија лани регистрирале поголем број починати лица наспроти новородени дечиња. Најстрашно е во Пехчево – малата погранична општина во која соодносот е три умрени лица на едно живородено бебенце. Берово има минус од 71 лице, а Делчево од 56 лица за колку што е поголем бројот на починати лица. Крива Паланка има значително полош скор од Кратово, а во рамки на толерантен минус (барем условно кажано во источна Македонија) се само Штип и Кочани од кои првиот е во минус од 20 лица на 494 живородени, а вториот е во минус од 30 лица наспрема 350 новородени деца. За жал во Свети Николе нема подобрување и таму минусот лани е 65 лица на 157 новороденчиња. Со негативен природен прираст на истокот и североистокот се уште: Зрновци и Старо Нагоричане каде соодносот е поголем од 2 починати наспроти едно новородено лице, Ранковци и Чешиново – Облешево каде разликата е поблага и помала.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php