«

»

Aug 05

Општина Новаци ја поддржа Македонската етно венчавка

VencavkaMagnolija2013-3

Општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски ја поддржаа Македонската етно венчавка.Годинава четири двојки имаа можност да се венчаат по старите македонски обичаи на Македонската Етно венчавка што по трет пат ја организира Центарот за едукација и негување на традицијата и фоклорот Етно – Илинден.

„Во ова тешко време за нас како народ, кога ни фали малку да се докажеме кој сме и што сме по идентитет, сакаме малку да ги вратиме луѓето на старото, како тоа некогаш се правело. А и да им помогнеме на оние парови кои во овие времиња немаат доволно средства да се венчаат . “рече Александар Тодоровски раководител на центарот за едукација и негување на традицијата и фоклорот Етно – Илинден.

„Ние секогаш ги поддржуваме манифестациите кои значат зачувување и продолжување на старите обичаи и традиции на македонскиот народ. Целта на оваа масовна венчавка е да се задржат старите обичаи кои што некогаш се изведувале пред за време и по венчавката, но и да им се даде можност на оние кои што од различни причини до сега не се венчале“ рече лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

Годинава интерес покажаа 4 двојки, две од Битола , една од Прилеп и една од Бистрица. Се венчаа  одвоено во четири цркви

-Порано беше покриза за венчавање, имам 78 години, 60 и нешто години во брак сме, рече Мирчевски Јосиф, еден од зетовите.
-Кога се мажев немаше вакви работи, само кој имаше пари, ние бевме посиромашни, се чувствувам многу весело, вели Мирчевска Лилјана, невеста.

-Слушнавме и решивме да се венчавме, ете се заостанало, 10 години во брак сме, рече Лидија Здравеска, невеста.

-Чувме на радио дека ќе има групно венчавање и решивме да се венчаме, рече Снежана Талевска, невеста.

Манифестацијата започна на втори август во 18 ч на плоштадот Магнолија со месење на погача, китење на карта и плетење венчиња. Чинот на венчавката на двојките се изведе на 4 август во четири цркви . Целата церемонија секоја двојка ја чинеше 50 евра .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php