«

»

Aug 05

Градоначалникот Котевски на Првата Балканска колонија на ракотворби

balknski rakotvorbi 1

Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски беше гостин на Првата Балканска Колонија на Ракотворци која се одржа во рамките на Битфест. Колонијата се одржа во Дворот на Дом на АРМ Битола. Посетителите уживаа гледајќи: рачно ткаени марами, предмети од глина, кожа, дрво , украсна хартија и оригами, украсни кутии и маски, корпи за секојднева употреба,  сувенири. На Колонијата учествуваат ракотворци од Куманово, Скопје, Струмица, Пробиштип, Дебар Ресен,Новаци и Битола. На Колонијата учествуваат и претставници на здружението на ракотворци на општината Поградец  од Албанија и здружението „Ченејски Сунцокрети“ од Ченеј, Нови Сад, Србија.

 

„Со свој штанд се претставија и жените пензионерки од општина Новаци кои изложија свои сопствени ракотворби и домашни пекарски производи.Ова не е прв пат да учествуваме на вакви слични настани и секогаш со радост тоа го прифаќаме, затоа што на овој начин ја промовираме нашата општина.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Балканска колонија на ракотворби  е проект на Здружението Астерион Галери.

На отворањето на колонијата беше претставено оригиналното дело „Бескрај“ на Мирјанка Илиевска, вработена во Технички Факултет – Битола, создадено од целофанки од бонбони. Во делото има 67 илјади парчиња целофанки, долго е  586 метри. Исто така беа претставени елементите на носиите од Преспанскиот регион, во што учествуваа играорците од Ансамблот за Фолклор „Плетенка“ од Битола ,а претставени беа и дел од елементите на торбешката носија од  горно струшкиот Дримкол, од селото Подгорци. На отворањето „Уличниот уметник“ Марија Иванова направи перформанс со спреј во боја.

За време на одржувањето на „Прва Балканска Колонија на Ракотворци“ се одвиваат и креативни работилници  за лица со хендикеп.Оттука, на Колонијата учествуваат и Розе Мојсовска и Мирко Крстевски, членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ . Розе Мојсовска  , заради намалена способност на горните екстремитети  и непокретност на нозете – слика со уста. Нејзината работа веќе е позната надвор од земјата. Мирко Крстевски пак е копаничар кој ја изгубил едната рака, но кому хендикепот не смета да прави вистински ремек дела само со длабење на дрвото со длето.  Денеска ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу двете здруженија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php