«

»

Aug 01

Г.г.Стефан во посета на манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци

1

Поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан денеска го посети преубавиот манастир во Пелагонија Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци каде оствари средба со градоначалникот Лазар Котевски и претседателот на црковниот одбор Вељо Тантаров.Го изрази своето задоволство од текот на градежните работи на салата за крштевки,свадби и венчавки и конаците во склоп на манастирот.

„ Задоволен сум од ова што го видов во манастирот, од напредокот во градежните работи на изградбата на салата за свадби,крштевки и венчавки како и на манастирските конаци.Не се сомневам дека сето ова со поддршка на градоначалникот Котевски ќе биде завршено во најскоро време“ рече поглаварот на МПЦ,г.г Стефан.

Ваква сала му беше неопходна на жителите на општина Новаци и нејзината изградба беше најавувана во повеќе наврати.

„Пред 1 месец дониравме 3 милиони денари за изградба на оваа сала кога потпишавме и договор за донација.Задоволен сум од текот и интензитетот со кој се одвиваат градежните работи и се радувам на брзото пуштање во употреба на овој објект. “ рече Лазар Котевски,градонацалник на општина Новаци.

Во склоп на манастирот посветен на Рожденството на светата мајка ќе се градат и конаци.

„Покрај салата за свадби,крштевки и венчавки градиме и конаци кои ќе функционираат во склоп на манастирот.Многу сме задоволни од поддршката на градоначалникот Котевски и знаеме дека додека тој е прв човек на општина Новаци во манастирот ќе се направат уште многу убави работи. “ рече Вељо Тантаров,претседател на црковниот одбор на Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица.

Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци  важи за еден од најубавите манастири од поново време кој е уникатен по местоположбата,изграден е во низина.Главни донатори за негова изградба се општина Новаци, РЕК Битола и ЗК Пелагонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php