Monthly Archive: August 2013

Aug 29

Градоначалникот Котевски и раководството на РЕК го одбележаа Денот на рударите

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со раководството РЕК со свечен ручек во дворот на манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци го одбележаа овој 28 август Денот на рударите но и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Aug 27

Обука на претставници од ГИС во општина Новаци

Претставници на ГИС-географски информациски систем ја обучуваа државната администрација во Општина Новаци за значењето и користењето на колекцијата на софтвер кој овозможува креирање,визуелизирање и анализирање на геопросторни податоци.

Aug 26

Се одржа 7-тата седница на Советот на општина Новаци

Советниците од Советот на општина Новаци денеска ја одржаа Седмата по ред Седница на која расправаа за 9 точки на дневен ред.

Aug 23

Промоцијата на аматерскиот документарен филм- Недопрените убавини на нашата Општина,трет настан во Топлиот културен бран во Новаци

Продолжува културната манифестација Топол културен бран во општина Новаци.Со промоција на краткометражниот документарен филм „Недопрените убавини на нашата општина“  се одржа третиот настан од втората фаза  на реализација. Општина Новаци преку Културно иновативниот клуб за прв пат ја добива поддршката на Министерството за култура за одржување на културни манифестации.

Aug 22

Градоначалникот Котевски на третата седница на Советот на Пелагонискиот плански регион

Градоначалниците на 9-те општини од Пелагонискиот регион ја одржаа третата седница на Советот на Пелагонискиот плански рехион на која расправаа по проектите што како општини ќе ги поднесат до неколку фондации и европските предпристапни фондови.

Aug 16

Градоначалникот Котевски на прослава по повод Денот на Арм во Гарнизонот во Прилеп

  На покана на командантот на Гарнизонот Прилеп потполковник Жарко Ристески,градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски  присуствуваше на свеченоста по повод Денот на АРМ – 18 Август.По тој повод во касарната   „Мирче Ацев“ во Прилеп беше организирана пригодна свеченост.

Aug 16

Градоначалникот Котевски на перформансот со храна „Битола мост помеѓу Европа и Ориентот“

„Битола мост помеѓу Европа и Ориентот“ е името на гастрономскиот перформанс кој се одржа синоќа во период од 18 до 20 часот во битолскиот ресторан „Корзо“ во рамки на културното лето „Бит фест“. Настанот е во организација на Здружението за туризам, екологија и претприемништво „Битола бренд“ и како цел ја има намерата преку храната да …

Continue reading »

Aug 15

Во Гнеотино се слави празникот посветен на Маченикот Св.Стефан

Како и секоја година така и оваа со голема народна веселба и македонски песни во присуство на многубројните верници,мештани и иселеници кои дошле на посета на родната грутка беше прославен празникот посветен на маченикот Св.Стефан, во истоимената црква во село Гнеотино.

Aug 14

Втора фаза од теристичката дезинсекција во општина Новаци

На 19 и 20 август Центарот за јавно здравје Битола ќе ја спроведе втората фаза од системската дезинсекција за уништување накомарците на подрачјето на општина Новаци.

Aug 13

Општина Новаци ја оживува легендата за Калеш Анѓа

Во мариовско Старавина, од наредниот месец конечно ќе стартуваат најавените градежни работи за реставрација на старата куќа на македонската хероина Калеш Анѓа. За значењето на Калеш Анѓа зборува и фактот што таа е овековечена во романот на Стале Попов како синоним на македонската борба против потурчувањето. Куќата во која таа живеела е ѕидана од камен …

Continue reading »

Older posts «

css.php