«

»

Jul 31

Успешна земјоделска сезона за инволвираните земјоделци од Новаци во проектот на УСАИД

2013-07-04 01.18.14

Земјоделците од општина Новаци вклучени во пилот проектот на УСАИД „Експанзија на мали бизниси“ задоволни од текот, спроведувањето  и резултатите.Очекуваат зголемување на земјоделските приноси за 40 %. Иницијативата има за цел да го поттикне економскиот развој  во пелагонискиот регион, преку помагање на малите земјоделци да ги зголемат нивните приноси на пченица,пченка и индустриски домат  преку воведување поефикасни технологии и земјоделски практики,  како систем капка по капка за наводнување и подобри сорти на овие земјоделски култури.

13

„Многу сме задоволни од спроведувањето на системот капка по капка.Не само што е олеснет начинот на наводнување туку и забележливо е дека приносот ќе биде многу поголем отколку лани“ рече Мицевски Миле,производител на индустриски домат.

„Ниту еден систем освен системот капка по капка не може да го олесни наводнувањето.Овај е најдобар и најкорисен систем за наводнување.Многу е мала потрошувачката на енергија и има мала потрошувачка на вода, најрационално искористување на вода и енергија. Очекувам значително зголемување на приносите. Ако лани имав 60 % принос на пченка годинава очекувам зголемување од 40 % од ланскиот принос. “ рече Николче Велјановски, производител на пченка.

2013-07-04 01.09.00

Проектот на Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД за експанзија на мали бизниси на почетокот на месец мај оваа година ја започна иницијативата “Расти повеќе пченка” како прв чекор кон модернизирање на производството на пченка во Македонија.

 

„Многу се радувам што нашата општина покрај со две земјоделски култури ќе биде вклучена и со трета а тоа е пченката. Новата технологија и континуираната техничка поддршка која ќе им биде дадена на земјоделците можат да водат и до пет пати поголеми приноси на пченка. Зголемените приноси на фармерите ќе им донесат поголем профит и можност за проширување на нивните бизниси.Исто така ќе имаат голем бенефит од загарантираниот пласман на нивното производство нешто што најмногу ги мачи земјоделците. “ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

 

Проектот започна да се реализира во 2012 година а ќе трае до 2016 со вкупен буџет од 5 милиони долари.Го спроведува корпорацијата Карана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php