«

»

Jul 30

Успешно реализирана првата етапа од „Топлиот културен бран во општина Новаци

1

Проектот на Културно иновативниот клуб Новаци „Дисперзија и достапност на културата и уметноста до сите и до секого и нејзино промовирaње во руралните средини“во соработка со Општина Новаци опфаќа повеќе културни активности.Во рамките на манифестацијата Топол културен бран ,успешно беше реализирана првата етапа .

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на Министерството за култура што од многуте општини ја избра токму општина Новаци.исто така благодарност упатувам и до КИК Новаци  кој е носител на овој проект за неговата ангажираност и посветеност.Искрено се надевам дека Топол културен бран ќе биде голем мотиватор за во иднина да аплицирате на повеќе проекти и повици а јас како градоначалник постојано ќе им помагам и ќе ги поддржувам “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

6

Културното лето во Новаци ќе се реализира во две етапи јули и август.Прв настан во овој месец  беше гостувањето на КУД Илинден од Битола и настапот на КУД Новаци. Втор настан беше изведбата на аматерската претстава „Снежана и седумте џуџиња “во соработка со Дизни кидс од Битола по повод 200 годишнината на браќата Грим.

38

„На 21.07.2013 со концертот на Центарот за едукација и негување на традиција и фолклор „Етно Илинден“ од Битола и КУД „Новаци“од Новаци, започна Културното лето во Општина Новаци кое е дел од манифестацијата Топол културен бран на Министерството за култура на РМ.Двете културно уметнички друштва настапија со сплетови на традиционални македонски песни и ора успешно претставувајќи го македонскиот фолклор. На свеченото отворање на многубројната публика и се обрати градоначалникот на Општина Новаци господинот Лазар Котевски кој посочи дека реализацијата на една ваква манифестација во општината е од посебно значење што ќе резултира со културен прогрес бидејќи вклучува активно културно партиципирање на повеќе целни групи. На 27.07.2013 премиерно беше изведена аматерската театарска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ која ја подготвија членовите од малата група на драмската работилница на КУЛТУРНО ИНОВАТИВЕН КЛУБ НОВАЦИ од Новаци во соработка со „ДИЗНИ КИДС’ од Битола.Претставата исто беше успешно реализирана со доста голема посетеност од локалното население а имаше и гости од другите населени места кои гравитираат во Општина Новаци.“ рече Елизабета Јончиќ, претседател на КИК Новаци.

Во Август следуваат уште два културни настани,промоција на аматерски филм „Убавините на нашата општина“ и концерт на класична музика.

Во рамките на манифестацијата „ Топол културен бран “ оваа година ќе се реализираат над 110 културни настани во 29 општини низ државава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php