«

»

Jul 30

Се одржа шесттата седница на Советот на општина Новаци

IMG_4073

И покрај најжешкиот ден ова лето советниците на Советот на општина Новаци денеска имаа полни раце работаа. Разгледуваа, дебатираа, дискутираа и едногласно донесоа околу 30-тина точки на дневен ред.

Советниците го усвоија тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодоот 01.01-30.06.2013 година, ја одобрија иницијативата за отпочнување постапка за изработка на ЛУПД за изградба на инфраструктурен комплекс со намена Е3,некомпактибилна инфраструктура со намена за преработка-рециклажа, третман и складирање на отпад, одобрија  6 одлуки за донесување на Локална урбанистичка планска документација за изградба на фотоволтаични централи, одлука за одобрување на средства за згрижување на кучињата скитници, и уште десеттина разни барања од институции,здруженија и физички лица.

Седницата  ја водеше претседателот Пецо Мицевски а присуствуваше и градоначалникот Лазар Котевски кој на советниците им ги појаснуваше сите точки на дневен ред и одговараше на нивните прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php