«

»

Jul 29

Градоначалникот на Новаци со отчет за првите 100 дена

6

Да работиш во интерес на народот е најголема чест но и голема обврска. Да останеш доследен на зборот и да го исполниш ветеното е најголемиот предизвик, но истовремено и најголемо задоволство. Со овие зборови на 100-те дена отчет се обрати градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Јас како градоначалник на општина Новаци не бегам од обврската да се соочам со моите сожители. јас работам во нивен интерес и ќе продолжам да ги реализирам ветените проекти во мојата изборна програма со цел да им обезбедам подобри и поквалитетни услови за живот.
огромната поддршка која ми беше дадена на изборите ветувам дека доследно ќе ја оправдам градејќи и создавајќи за нивна подобра иднина” рече Лазар Котевски градоначалник на Новаци.

Бројните проекти кои се реализираат од општинскиот буџет и во соработка со владата укажуваат на фактот дека се е подредено на целта Новаци од рурална да прерасне во урбана oпштина.

„Завршена е реконструкцијата и новата надградба на општинската зграда со комплетно уредување и истата е ставена во употреба. Во тек е акцијата за редовно асфалтирање на локални улици во должина од 3,5 км според програмата за локални патишта на општина Новаци за 2013 година, Завршена е акцијата за пробивање и тампонирање на полски патишта за потребите на жителите до нивните ниви,согласно програмата на општина Новаци за 2013 година. Пуштена во употреба новата брана во вредност од 6,8 милиони денари и реновираната продавница со вредност од 300 000,00 денари во село Рапеш” рече Котевски.

Котевски ги наброја и проектите и активности на општина Новаци за следниот период.

„ Челичен пешачки мост во Градешница, ќе се работи на довршување на уште 200 метри од веќе поставената и завршена канализација во Новаци, ракометно игралиште (оградено и осветлено) во Долно Агларци, атмосферски канали – Новаци, Долно и Горно Агларци, Рибарци, Добромири и Далбеговци, изработка на елаборати за влијанието врз животната средина, изработка на ревизија на проектна документација, одржување на улично осветлување, ангажирање на градежна механизација и транспортни средства за потребите од технички интервенции за одржување на комуални објекти,локални патишта и улици” рече тој.

Во следниот период ќе се фокусираат и имплементирање на проктот Жива природа – Жива историја.Општина Новаци продолжува на развивање на меѓународната соработка неодамна  им беа домаќини на делегација од Хрпеље,Словенија а во следниот период ќе се збратими со општина Дуги Рат од Хрватска .

„Нашата инвестициска понуда ја претставивме во еден руски бизнис каталог како и во бизнис публикацијата „Балканика паблишинг рече Котевски.

На иницијатива на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски до крајот на месец август во апркот на општината ќе биде завршен споменикот на дедо Кољо војводата ,а дворната површина ќе биде збогатена со со фонатана за што се обезбедени 4 милиони денари ,посочи Котевски во јавниот отчет за рпвите 100 дена од неговото работење како градоначалник на општина Новаци со трет мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php