«

»

Jul 29

Акцијата „Здравје за сите“ денеска во општина Новаци

IMG_4069

Екипа од Итната медицинска помош од Битола им мереше шеќер во крвта, холестерол, крвен притисок,обем и ги советуваше како полесно да се справат со здравствените тегоби и високиот температурен бран жителите на Новаци, во рамките на редовното спроведување на акцијата „ Зцдравје за сите “ на Министерството за здравство на РМ.

„Многу мие мило што и нашата општина е опфатена со оваа акција на министерството за здравство.Ова е особено важно за населението од руралните средини и ќе биде уште покорисно ако се спроведува редовно.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„Денеска ја спроведуваме оваа акција „ Здравје за сите “ на Министерството за здравство за прв пат во Новаци и гледаме дека акцијата е добро прифатена, па можно е истата повторно да биде спроведена. На сите заинтересирани им мериме ниво на шеќер во крвта, холестерол,крвен притисок и слично. Свесни сме дека овие услуги можат да ги добијат и во аптека но сакам да посочам дека таму неможат да ги добијат лекарските совети кои ние денес ќе им ги дадеме“ рече д-р Христо Бојаџиев од Итна медицинска помош Битола.

IMG_4065

Акцијата „Здравје за сите“ се спроведува веќе неколку години наназад,најпрво во урбаните средини а сега веќе и во руралните.Досега посетиле 12 села во пелагонискиот регион а минатата година беа и во Градешница.Заради големиот одѕив можно е акцијата да биде повторена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php