«

»

Jul 23

Музејот и општина Новаци ќе потпишат Меморандум за соработка

DSC_5514

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со директорката на НУ Завод и Музеј Битола Лилјана Христовска  заедно со стручните тимови од двете институции кои работат на проектот за заштита на културно-историското наследство „Жива природа-жива историја“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција.

„Денешната средба е со цел да се договориме двете институции за работите кои допрва треба да ги реализираме  во текот на имплементирањето на проектот „Жива природа-жива историја“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција за кој неодамна го потпишавме договорот. Со овој проект е предвидено да се направи дренажа на црквата Св.Димитриј во с.Градешница, реконструкција на мостот и воденицата во с. Зовиќ и куќата на Калеш Анѓа. Некои од овие објекти се заштитени како културно наследство и затоа ние потребна соработка со Музејот“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

DSC_5517

Општина Новаци заедно со грчкиот партнер во проектот општина Алмопиа ќе аплицира и за продолжување на овој проект во рамките на третиот повик .

„Ние досега имаме одлична соработка а таа соработка ќе ја продолжиме и надоградиме и понатаму. Со градоначалникот Котевски се консултравме за можните локации каде конкретниот проект би можел да се продолжи“, рече Лилјана Христовска, директор на НУ Завод и Музеј Битола.

Наскоро овие две институции ќе потпишат и Меморандум за соработка и разбирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php