«

»

Jun 27

Општина Новаци ќе ангажира 15 сезонски комунални работници

komunalci

Веќе неколку години наназад општина Новаци од својот Буџет издвојува средства за ангажирање на лица за извршување на комунални работи.

„Одлуката за ангажирање на 15 сезонски комунални работници е веќе помината на Совет и во тек е изборот на лицата кои два месеци ќе извршуваат најразлични комунални работи за потребите на општината.Исто така за нивните потреби ќе се набават и основни средства за работа како работни одела,ХТЗ нараквици,лопати вили,мотики косачки и слично“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Избраните комунални работници ќе стартуваат со работа во најскоро време а нивната работа ќе ја координира комуналното претпријатие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php