«

»

Jun 24

Благодарени на брзата интервенција на градоначалникот Котевски спасен човечки живот

SPASEN_RIBAR_KOTEVSKI

51 годишен рибар член на риболовно друштво викендов бил сапсен во мариовскит регион каде доживеал мозочен удар.

Благодарение на брзата медицинска интервенција и алармирањето на надлежните органи кои ни излегоа во пресрет, како што вели градоначалникот на Новаци Лазар Котевски лицето со хеликоптер веднаш било пренесено во болница, и сега е надвор од животна опсаност.

„Се случи во раните утрински часови овој немил настан.Ние овде имаме доста планинари и рибари,станува Збор за човек кој е роден 1962 година но благодарени на брзата интервенција на здарвството тој беше пренесен со хеликоптер во болница и сега е вон животна опасност.Сакам да им се заблагодарам за ваквата интервенција бидејќи е спасен човечки живот “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Заради високите температури лекарите апелираат да не се излегува на сонце во најжешкиот пеирод од денот со цел да се избегнат ваквите немили случки. Во прилог на ова оди и почуствуваното намалување на температурите .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php