«

»

Jun 22

Се одржаа 13-тите Пелагониски научни средби во Новаци

2

Oпштина Новаци по тринаесети пат беше домаќин на научниот собир насловен „Пелагониски научни средби“.И годинава истакнати научници родум од пелагонискиот регион ги претставија своите сознанија и истражувања, своите трудови за историјата и развојот на овој крај.

Седумнаесет врвни научници од областа на историјата и македонистиката ги презентираат своите трудови посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија.

Ристо Котевски  го претстави својот труд „Пелагониското Бладо пред и по регулацијата на Црна Река“, Д-р Весна Калпаковска пак трудот „Епиграфски сведоштва за античките жители на територијата на денешна новачка општина“; проф.Д-р Јорде Јакимовски го претстави трудот „Социјалните карактеристики на семејствата во Пелагионија“, а беа презентирани и трудовите за животот и делото на културни дејци и писатели, за исчензнатите села во Општина Новаци – Совиќ , чествувањето на празникот Мала Богородица во селото Суводол и други.

Покровител на овие средби е градоначалникот на Новаци. Лазар Котевски на минатогодишното издание го посочи ставот дека локалната самоуправа го помага одржувањето на овие средби поради афирмацијата што општината ја добива со ваквиот начин на промоција на културното богаство на опшптината, особено мариовскиот крај.

Целта на средбите е популаризирање, односно афирмирање на сите вредности кои ги поседува општината со војот крај.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php