«

»

Jun 18

Општина Новаци домаќин на делегација од општина Хрпеље-Козина,Р.Словенија

DSC_4512

Денеска во општина Новаци пристигна тричлена делегација од словенечката општина Хрпење-Козина,Република Словенија.По свечениот прием според сите македонски адети и средбата со општинската администрација,делегацијата имаше прием во кабинетот на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Според агендата следуваше потпишување на Меморандум за соработка и разбирање помеѓу градоначалникот Котевски и заменик градоначалник на општина Хрпеље-Козина Петер Боршич, на свечена седница на Советот на општината.

„Еве денеска имаме гости од општина Хрпеље,Козина,Р.Словенија.Веќе се запознавме и можам да кажам  дека сме сродна општина ,само што тие имаат малку помала површина од нас.Денеска потпишавме Меморандум за соработка а се надевам дека понатаму и ние ќе ги посетиме во Словенија и ќе се збратимиме.Денеска ќе им ги презентираме сите ресурси и капацитети со кои располага нашата општина “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„Првите контакти ги започнавме преку конзуларното претставништо и бидејќи сме сродни општини и ние сме рурална општина решивме да се запознаеме и да потпишеме Меморандум кој понатаму ќе го продлабочиме и се разбира ќе ја прошириме нашата взаемна соработка.И ние сме пограниќна општина ,граничиме со Хрватска и Италија, а тоа ќе го искористиме со општина Новаци за аплицирање и разработка на европски проекти.“ рече заменик градоначалник на општина Хрпеље-Козина Петер Боршич.

Делегацијата од Словенија денеска ќе се сретне и со претставниците од бизнис секторот на територијата на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php