«

»

Jun 17

Се одржа четвртата по ред Џип Турнеја 2013 во Мариово

11

По четврти пат годинава се одржа дводневната веќе традиционалната џип турнеja Мариово 2013.Идејата на оваа манифестација е во период од два дена учесниците да посетат дел од недопрената природа на убавиот мариовски крај да се дружат и забавуваат.
„ Ние сме главни спонзори и поддржувачи на оваа џип турнеа низ Мариво каде ќе ги видат учесниците сите убавини на мариовскиот крај.”-вели Лазар Котевски градоначалник на Новаци

25

Се тргнуваше од пред зградата на Општина Новаци ,се посетија прекрасните терени во Мариовскиот крај околу реката Белица, по што учесниците ги поставија своите кампови во близина на манастирот Св. Димитрија во месноста Трново во близина на селото Будимирци Имаше планирано  богата програма за учесници, се слушаат добро познатите приказни од овај крај, како и незаменливото дружење на сите присутни, да ги видат сите недопрени убавини на регионот на Мариово кој опфаќа дури три општини од Републиката. Целта на турнеата е да се разбуди свеста кај граѓаните за убавините на овај заборавен и запуштен крај.

„ Задоволни сме од бројот на пријавени учесници ги има од цела Македонија а два се од Бугарија благодарност до градоначалникот Котевски што не поддржува.” – рече Митко Крстевски организатор

 

Организаторот обезбеди по три оброци за ској учесник, маица со лого на турнејата, богата културно уметничка програма и голем број на изненадувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php