«

»

Jun 17

Пуштена во употреба браната во Рапеш

2

Со пригодна свеченост во присуство на голем број мештани,градоначалникот на општина Новаци Лазар  Котевски и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски беше пуштена во употреба браната во Рапеш.
„Денеска ја пуштаме во употреба оваа брана која ја ветивме на жителите од Рапеш бидејќи им беше неопходан заради напојувањето на стоката која во овој регион ја има мормае да инвестираме во вакви проекти за да го задржиме населението бидејќи миграцијата град село во 60-те напрви пустош во овие краеви ” вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Изградбата на браната со испустни канали. Општина Новаци и претходно ја градела оваа брана, но била урната од надојдената река, заради непредвидливиот тек на реката истата жителите ја викаат Луда Река.

3

„Пред една година и три-четири месеци бевме овде со градоначалникот и ја согледавме потребата од брана бидејќи овде има многу овци и крупен добиток браната е со добра капацитет.” -рече м-р Зоран Коњановски заменик министер за земјоделие

Браната е една од капиталните инвестиции на Општина Новаци и е од големо значење, реката служи како собиралиште на вода, најмногу на сточарите, бидејќи овој крај во лето е многу сушен.Потенцијалот на реката е голем, има проточен канал кој ја празни браната да не дојде до префрлување.

„ Немаме никави проблеми брана сега е направена уште патот да се пушти за трактори инаку се е во ред.”

„ Планираме да го зголемиме стадото и сточниот фонд но е тешко со работна рака луѓето не прифаќаат го сметаат ова за мачна работа.”- велат жители на Рапеш

Вредноста на проектот изнесува 6,8 милиони денари, а средства се обезбедни од буџетот на општината, инаку денеска беше отворена и новата продавница во селото а минатата година по децении прекин општината го продолжи образовниот процес со реновирањето на училиштето во Рапеш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php