«

»

Jun 12

Министерот Димовски во Новаци се сретна со земјоделците од Пелагонија

DSC_4442

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство на РМ, Љупчо Димовски,градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,раководителот на ПЕ на МЗШВ Илија Србиновски и претседателот на здружението на земјоделци Вељо Тантаров одржаа состанок со пелагониските земјоделци и претставници на мелничко  пекарската индустрија.

На состанокот се разговараше за годинешната продажна цена за килограм пченица, за субвенциите, за барањата и потребите на земјоделците, прописите и новините на министерството за земјоделство.

Според ресорниот министер Димовски, годинава откупната цена на оваа земјоделска култура да остане како ланската бидејќи ценовните движења  на берзите во регионот не се различни од минатогодишните.

DSC_4448

,,Мислам дека, тоа е мое лично мислење со кое најголем дел од присутните се согласија откупната цена за оваа година би требало да се движи во рамките на минатогодишната со оглед на ценовните движења на берзите во регионот пред се во Нови Сад. Од друга страна треба да се имаат предвид и временските прилики во тие региони.,,-вели Љупчо Димовски, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На состанокот беа присутни и земјоделци кои си го кажаа своето мислење за актуелната проблематика.

„Бараме годинава откупната цена на пченицата да не биде пониска од ланската откупна цена и покрај тоа што имаме зголемени трошоци на самото производство “ рече Вељо тантаров,претседател на Сојузот на земјоделци.

Откупувачите и производителите најавија до Министерството за земјоделство дека ќе поднесат барање за обврзувачки откуп на одредена количина пченица за дозволен увоз на пченица,односно брашно.

,Мелнилката индустрија не е во кондиција да го изврши тој откуп, ако не се пристапи кон таа мерка. Во спротивно ќе бараме да се донесе слободен увоз на пченица и брашно.,,-вели Николче Ѓоргиев, претставник на стопанската комора од мелничко пекарската индустрија.

Тие побараа мерката да биде променета во делот на откупот на пченица,па наместо досегашната еден спрема три,односно три килограми откупена пченица за еден килгорам увезена и четири килограми откупена домашна пченица за еден килограм увезено брашно, ова да се промени во сооднос еден спрема два,односно еден спрема пет.

Годинава спроед проценките се очекува  жетва со реколта од 280 илјади тони пченица.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php