«

»

Jun 12

Информативен состанок на УСАИД со одлгедувачите на пченица

IMG_3815

Денеска во општина Новаци се одржа информативен состанок на претставниците на УСАИД со земјоделците одгледувачи на пченица.Целта на средбата беше сите инволвирани страни да се запознаат со проектот „Подобрени агротехнички мерки за зголемување на приносите на пченица“ и објаснување на условите за вклучување во проектот.

Исто така се вршеше идентификување на пилот фармерите кои се заинтересирани за вклучување во проектот, се дискутираше за условите за договори за откуп на пченица за оваа сезона но и идентификување на фармерите за испитување на нови и постоечки сорти на пченица.

IMG_3809

„Општина Новаци веќе е пилот општина вклучена благодарение на УСАИД за земјоделската култура пченка, а ме радува што еве сега нашите земјоделци ќе се вклучат и во проектот за одлгедување на пченица“. рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Овие активности на УСАИД се во рамките на реализацијата на проектот „Експанзија на мали бизниси“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php